Милошоски: За дипломатскиот скандал беа информирани Заев, Османи, Димитров, Спасовски

63

Милошоски на својот Фејсбук профил напиша дека министерот за надворешни работи Османи неубедливо тврди дека не знаел за „ерменскиот дипломатски рекет“ на Миленкоски до 27 август (кога беше уапсен дипломат баран од Интерпол во Србија). „Во 2018 година учествувал во нелегално пренесување на бившиот ерменски амбасадор Левон Саркисјан од Ереван до Виена, во замена за голема сума на пари. МНР Османи не можел да не знае за аферата на Миленкоски, бидејќи за скандалот бил известен поранешниот министер Димитров“, вели меѓу другото Милошоски

По објавувањето на дипломатскиот скандал околу дипломатот Миле Миленковски од страна на весникот КОХА, поранешниот македонски министер за надворешни работи и пратеник, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил напиша дека Премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вицепремиерот Никола Димитров и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски биле свесни за случајот.

Милошоски на својот Фејсбук профил напиша дека министерот за надворешни работи Османи неубедливо тврди дека не знаел за „ерменскиот дипломатски рекет“ на Миленкоски до 27 август (кога беше уапсен дипломат во Србија баран од Интерпол).

„Во 2018 година учествувал во нелегално пренесување на бившиот ерменски амбасадор Левон Саркисјан од Ереван до Виена, во замена за голема сума на пари. МНР Османи не можел да не знае за аферата на Миленкоски, бидејќи за скандалот бил известен поранешниот министер Димитров, а сите министри, особено тие кои се во иста влада, за време на примопредавањето на должноста се обврзани да ги разменат најбитните информации за министерството. Министерот Османи не можел да не знае, бидејќи ерменската рекет афера на Миленкоски во детали ја знаел поранешниот државен секретар во МНР Виктор Димовски, сегашен директор на АНБ, близок другар на Миленкоски, кој и по службена должност имал податоци за случајот. Делови за аферата на Миленкоски во самото МНР покасно дознале уште неколку раководни лица, меѓу кои и Љуфтим Спахиу, Јакуп Реџепи, Зоран Попов и други дипломати кои на дневна основа имаат контакт со министерот. За скандалот, преку МНР и преку Интерпол известени биле и Спасовски и Заев, а МВР дури спровело и истрага за оваа афера во МНР“, напиша Милошоски.

Според него, министерот Османи можеби не знаел за ерменските рекетни работи на Миленкоски само ако немал комуникација со неговиот владин колега Никола Димитров, директорот на АНБ, Виктор Димовски, министерот Спасовски, премиерот, како и претставници на Министерството за Надворешни.

Инаку, Миле Миленковски е осомничен дека пред три години, заедно со уште двајца македонски дипломати (нивниот идентитет познат на редакцијата), организираа патување во Ереван, Ерменија, за евакуација на високата ерменска личност, осомничен во неговата земја за злоупотреба на милиони долари. Мотивите на оваа акција не се познати, но сомнежите се дека оваа акција е направена со знаење на високите безбедносни структури во Македонија. Тоа е затоа што уапсениот Миле Миленкоски, заедно со уште двајца дипломати (С.С.) и (В.С.), за оваа спасувачка мисија на контроверзниот Ерменец, позајмиле приватен авион со кој патувале за Ерменија. Претходно, како покритие тие во забрзана постапка регистрираа невладино здружение за лица со посебни потреби, за учество на конференција на оваа тема.

Миле Миленкоски е познат и по други скандали за време на неговото вклучување во дипломатијата во земјата. Тој беше осомничен дека бил вмешан во финансиска измама во македонскиот конзулат во Детроит, од каде потоа бил префрлен во Чикаго. Таму, тој физички се пресметал со генералниот конзул, а потоа е испратен во Вашингтон. Подоцна, по серијата расправии и инциденти, Миле Миленкоски се врати во Скопје на барање на поранешниот амбасадор во Вашингтон, Зоран Јолевски.

Во 2017 година, тој се приклучи на Македонската мисија на ОБСЕ во Виена, како тогашен заменик –амбасадор на Кире Илиовски, со кого се вели дека имал и физички конфликт. Скандалот со Ерменија се случи за време на неговата мисија во Виена. И покрај сите овие инциденти, пред неколку месеци Миле Миленкоски повторно беше реизбран на конкурсот на МНР за заменик шеф на кабинетот на Македонија на ОБСЕ во Виена. Покрај тоа, неговото назначување овојпат се вели дека било направено без одобрение од раководителот на Дирекцијата за правни и конзуларни услуги при МНР. Тоа е затоа што Миленкоски се смета за „силен“ бидејќи ужива политичка поддршка и на највисоките безбедносни структури во земјата, велат нашите извори.