Милошоски: Нашиот хендикеп во однос со Бугарија е немањето консезус дома

8

Се надевам дека на денешната расправа на Комисијата за надворешни работи ќе биде присутен министерот Бујар Османи затоа што тоа не е лично желба на еден министер туку е законска обврска. Во нормалните демократии не мора со протести и притисок од јавноста да издејствувате министер да се појави во парламентот туку доволно е самиот министер или Владата да има чувство на одговорност дека пратениците се избрани од граѓаните токму за да ја контролираат и прашуваат власта како работи, изјави за УБ пратеникот од редповите на ВМРО – ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика, Антонио Милошоски.