Минамино и официјално нов фудбалер на Ливерпул

5

Такуми Минамино и официјално е фудбалер на Ливерпул откако потпиша договор со европскиот шампион. Ливерпул се согласи да ја плати откупната клаузула која изнесуваше 9 милиони евра, а Јапонецот потпиша договор со кој на „Енфилд“ ќе остане до летото 2024 година.

Првата честитка за новиот фудбалер на Ливерпул дојде од менаџерот Јирген Клоп.
– Ова е прекрасна вест, фантастично засилување и ние сме навистина среќни со ова. Такуми е многу брз и паметен фудбалер, храбар е со топката, но храбар е и без топката, вистински тимски играч – изјави Клоп.

Такуми Минамино настапи на 199 натпревари за Салцбург, постигнувајќи 64 погодоци, еден од нив на овосезонското гостување против Ливерпул во рамките од Лигата на шампионите.