Министерот за внатрешни работи на Турција поднесе оставка поради полицискиот час

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу на Твитер напиша дека се повлекува од својата функција поради спроведувањето на дводневниот полициски час во поголемите турски градови за справување со појавата на коронавирус.

44

Турција во петокот вечер објави дводневен карантин за време на викендот. Меѓутоа, во краткото време пред да стапи во сила заклучувањето, многу луѓе побрзаа да купуваат храна и пијалак во трговскиот центар во земјата Истанбул, град со 16 милиони луѓе и во други градови.

Турска помош од маски, скафандери и тестови пристигна во земјава

Во Турција има 4.789 новозаразени од коронавирус, а вкупно околу 57.000. Вкупниот број починати, со новите 97, изнесува 1.198 лица, изјави министерот за здравство Фахретин Коча.