Министерството за здравство го присвои домејнот на лажната страница ваксајнс.мк

67

Бидејќи оваа лажна веб страница ги доведува во заблуда граѓаните кои сакаат да пополнат апликација со што ќе искажат интерес за вакцинација против ковид-19, случајот утрово беше пријавен во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, велат од Министерството за здравство.

По реакциите на граѓаните дека има две платформи за пријавување за вакцинација vakcinacija.mk и vaksajns.mk, и дека не знаат на која да се пријават, од Министерството за здравство за Плусинфо велат дека валидна е само веб страницата vakcinacija.mk. Од ресорното министерство негираат дека е извршен упад на нивната веб страница, туку дека паралелно на нивниот сајт за вакцинација е креиран лажен сајт именуван vaksajns.mk.

– Веб страницата www.vakcinacija.mk не е хакирана, ниту пак некој извршил упад во неа. Во текот на вчерашниот ден се појави vaksajns.mk, креирана страница позади која не стои Министерството за здравство. Бидејќи оваа лажна веб страница ги доведува во заблуда граѓаните кои сакаат да пополнат апликација со што ќе искажат интерес за вакцинација против ковид-19, случајот утрово беше пријавен во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи – велат од Министерството за здравство.

Од МВР ни потврдија дека ресорното министерство утрово го пријавило случајот и дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика постапува по него.

Денеска и ако се напише vaksajns.mk линкот води кон vakcinacija.mk.