„Мислев дека Роналдо оди во Арсенал, но потоа Фергусон ми понуди нешто неочекувано“

30

Кристијано Роналдо во 2003 година од Спортинг Лисабон се пресели во Манчестер јунајтед за 19 милиони евра. Португалскиот фудбалер имаше одлични настапи и привлече внимание на многу европски клубови. Меѓутоа, на крајот реши да избере заминување во англискиот премиерлига.

Неговиот агент Жорж Мендеш за англиските медиуми откри дека тогаш Јунајтед и Арсенал биле најсериозни кандидати, а „топчиите“ биле во преговори со него, но на крајот Роналдо донел одлука да се пресели на „Олд Трафорд“.

„Секогаш зборувам дека тренерот на крајот е најважната личност во секој трансфер. Кристијано е одличен пример за тоа. Го бараа многу клубови, но сите сакаа подоцна да го вратат во Спортинг на позајмица. Единствен кој беше подготвен да го пушти во првиот тим беше Фергусон. Тогаш немав сомнеж дека тоа е најдобар избор за Роналдо“, кажа Мендеш.

Роналдо во дресот на Јунајтед одигра 292 меча и постигна 118 голови, а на лето 2009 година се пресели во Реал Мадрид за 94 милиони евра.