Мислењето за автентичното толкување за Законот за помилување утре на владина седница

12

Од владата вечерва најава – мислењето за автентичното толкување на членот 11 од законот за помилување кое е потребно да го даде владата, за матичната комисија да распарава за него, утре ќе биде на дневен ред на владината седница.

За законодавната комисија да закаже седница на која треба да му предложи на Собранието заклучок, потребно е мислење од владата. Очекувањата од владата се дека мислењето ќе биде позитивно во односн на предлогот на СДСМ.

Дека министрите ќе го донесат мислењето утре, уште во петокот најави министерката за правда Рената Десковска која го иницираше автентичното толкување, односно ги повика пратениците да го достават до Собранието.