Мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазиците е одложено

14

Причините за одложувањето на разгледувањето и усвојувањето на извештајот од Стразбур не се наведуваат, иако тој се уште стои на дневниот ред на комисијата

Мислењето за Законот за употребата на  јазиците во Република Северна Македонија на Венецијанска комисија е одложено, информира прес-службата на Комисијата, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Извештајот беше ставен на дневен ред на 120-та пленарна сесија на Венецијанската комисија закажана за 11 и 12 октомври во Венеција. Комисијата беше поканета да размени мислења со претставникот на Северна Македонија, да го разгледа, во поглед на неговото усвојување, нацрт-мислењето (ЦДЛ (2019) 031) за законот за јазици (ЦДЛ-РЕФ (2019) 019), изработени врз основа на коментари од Кинер, Велаерс, Вермеулен и Шеу (експерт ДГ-II).

Причините за одложувањето на разгледувањето и усвојувањето на извештајот од Стразбур не се наведуваат, иако тој се уште стои на дневниот ред на комисијата. За време на состанокот во Венеција предвидена е и размена на мислења со Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.