Мистерија: Јавноста се уште не знаe каде е погребан Коби Брајант

35

Пред една година, во хеликоптерска несреќа загинаа Коби Брајант и неговата ќерка Џана, како и уште седум други патници и членови на екипажот.

Покрај Коби Брајант (41) и неговата ќерка Џана Брајант (13), нејзината колешка Алис Алтобели (13), мајката на девојчето Кери Алтобели (46) и нејзиниот татко, долгогодишниот тренер во бејзбол Џnон Алтобели (56), починаа во пад на хеликоптер.

Според наодите од обдукцијата, смртта на сите патници се случила веднаш, поради силината на ударот на леталото на тврда подлога.

Погребот беше приватен, на приватни гробишта во Корона дел Мар, во близина на градот Њупорт Бич во Калифорнија, со поглед кон океанот. Сопругата на Коби, Ванеса, се согласи да се збогува со Стејплс центарот на 24 февруари 2020 година, што исто така беше симбол за датумот поради броевите што ги носеа Коби и неговата ќерка – 24 и 2.

Фановите на Коби беа заинтересирани каде е погребан, за да можат во секој случај да му оддадат почит. Но, останува строга тајна.

Сопругата на Коби, Ванеса, одлучи местото за погребување на Коби и Џана да го знаат само најблиските, кои исто така присуствуваа на последното збогување на погребната церемонија во најблискиот круг на семејството.

Неколку дена по погребот, британски Дејли Меил објави слики од гробот за кој тие тврдат дека им припаѓаат на Коби и Џана. Еден од аргументите дека им припаѓа овој необележан гроб беше цвеќето, кое беше виолетово и жолто, во боите на Лејкерс. Но, се покажа дека тоа не е гробот на Коби Брајант и неговата ќерка, а тоа го потврди и работникот на гробиштата, Ешли Бантон.

Единствената достапна информација за гробот на Коби Брајант е дека се наоѓа на самиот врв на гробиштата, од каде има поглед кон океанот и плажата Њупорт, каде што живеат Ванеса и нивните три ќерки.