Митко Јанчев со протест пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ ќе бара оставка од Христијан Мицкоски

22

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев синоќа на својот фејсбук профил ги повика членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ на протест на кој ќе се бара оставка од актуелниот партиски претседател Христијан Мицкоски.

Јанчев неодамна најави дека ќе се кандидира за претседател на партијата, а сега, преку фејсбук-пораката се претставува како „претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ“.

Протестот ќе се одржи на 2 ноември во 12 часот пред штабот на партијата.

Јанчев во октомври 2018 година беше разрешен од функцијата потпретседател на партијата.