Митрополитот Амфилохије позитивен на коронавирусот

5

Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохије е позитивен на коронавирусот, објавија медиумите во Подгорица, наведувајќи дека тој од болницата во Цетиње бил пренесен болницата во Клиничкиот центар во Подгорица на одделот за ковид. Митрополитот Амфилохије има 82 години и спаѓа во ризичната група.

Претходно вчера, поради влошување на неговата здравствена состојба, митрополитот Амфилохије беше сместен во болница во Цетиње и беше тестиран за коронавирусот. Од болницата соопштија дека митрополитот бил примен со треска.