Мицкоски:Ако нема избори на 12 април, СДСМ ќе се соочи со гневот на народот

14

Ќе има избори на 12 април, а ако нема СДСМ ќе се соочат со граѓаните, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното интервју на ТВ Клан, на прашање дали опозицијата има план Б ако нема избори во договорениот термин.

-Ќе се соочат со гневот на народот и гневот на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа ќе очекуваме да биде сценариото А – нагласи Мицкоски.

Според него, Заев сака на само две-три седници да помине во парламентот околу триста закони и тоа да му биде изговор дека опозицијата го кочи.

-Тоа се штетни закони. Она што е корисно за граѓаните, каде што ВМРО-ДПМНЕ како опозиција учествувала, ги усогласила позициите со оние на владата и додала вредност, ние ќе го подржиме. Но не можете да манифестирате парламентарно насилие – порача Мицкоски.

Тој вели дека опозицијата ќе го поддржи предлог – законот за одбрана ако биде тргнат членот за преименување на армијата, затоа што тој член нема врска ниту со Преспанскиот договор, ниту со потребите Македонија да биде членка на НАТО.

-Ние нема да бидеме дел од креирање на нова погрешна реалност, никаде во договорот не се бара преименување на армијата. Ние такви закони со институционално насиле нема да поддржиме – вели Мицкоски за Клан телевизија.