Мицкоски: Ако Владата го начне идентитетот, ќе се соочи со народот

13

По интервјто на Заев, на прес-конференција се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.. Предупреди дека ако Владата го начне идентитетот, ќе се соочи со народот..

Скандалозно интервју со кое сериозно се нарушуваат на преговарачките позиции на Македонија, вака го цени лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарски БГНЕС.

Мицкоски вели Заев покажал сервилен однос кон Бугарија, но и ги потврдил информации дека се бара потпишување на нов договор или анекс.

Лидерот на опозицијата на вонредната прес конференција посветен токму на интервјуто вели дека е загрижен дека Владата ќе направи отстапки со кои ќе го загрозат македонскиот јазик и идентитет.

Опозицијата во изминативе неколку дена преку прес конференции прашуваше и бараше Владата да открие какви предлози се разменуваат со Софија и целиот процес да се води транспарентно.