Мицкоски апелира и бремените жени да се ослободат од работа

10

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, утрово излезе со уште еден апел до власта. Бара да се ослободат од работа и бремените жени.

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на ковид, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор. Бројот на починати и заразени на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, затоа мора бремените жени да ги заштитиме од овој ризик. Наместо политикантство на Владата, мешетарење и нарачани теми, потребни се одлуки. Да спасиме живот“, пишува Мицкоски во апелот.

Тој вчера имаше уште еден апел кој се однесување на ослободување на работа на хронично болните.