Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува минималната плата

1

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски соопшти дека неговата партија ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата во парламентот, но истовремено ќе интервенира амандмански во законот и ќе побара доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места, кога се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата.

„Да има за сите, а помалку да има корумпираната Влада да краде. Очекуваме веднаш ребаланс на буџетот и зголемување на дотациите за општините од страна на Владата за целосно почитување на правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата“ вели тој.

Мицкоски изјави дека очекува од СДСМ „конечно да се оддели од политиките Заев и да ја поддржи декларацијата за Ѓорѓи Делчев“.

„Предавството мислат дека ќе го покриваат со пари и така ќе купат колку-толку поддршка од граѓаните кои ги ограбуваат секој ден“ додаде тој.