Мицкоски: Електронски попис на населението, да не се загрозува здравјето на граѓаните

25

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска уште еднаш ја повика власта пописот наместо со физичко присуство да се спроведе електронски. Како што кажа тој, државата има можност за одржување на таквиот начин на попис.

„Не го изложувајте здравјето на граѓаните. Не бевте способни да го заштитите, не бевте способни да донесете вакцини…барем направете електронски попис. Здравјето на граѓаните и човечките животи немаат цена“, рече Мицкоски.