Мицкоски за „враќањето“ на Мијалков: Јасно е дека се е договорено

6

Денеска стана совршено јасно дека имаат договор, прво се договорија да избега, па се договорија да се врати, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по појавувањето на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков.

„Ова е веќе циркуз. Направија циркуз од државата, Заев доста е. Доста со навреда на интелегенцијата на народот. Човекот гледа в очи и лаже мака нема. Денеска стана совршено јасно дека имаат договор, прво се договорија да избега, па се договорија да се врати. Со шамар за полицијата, судот обвинителството, недостасуваше уште да му се извинат, бидејќи тој им се извини ним. Тоа е најдобра потврда дека постои криминална коалиција Зоран, Вице и Сашо. Тешка хаварија за неколку часови, го упропастија системот и по којзнае кој пат популкаа по правдата“, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека само со „жестока јавна реакција се спречи целосно фијаско и бегство“ и дека е јасно дека имало политички договор.

„Дека се е договорено и дека нема лгогика тоа што го зборува Заев говори тоа што доброволно тој се прошета на провладина телевизија со новинар којшто сосема случајно се најде таму. Полиција нема, ама камера има. Каква сапуница. Наместо во суд, упат за куќен притвор доби од обвинителството. бегалецот доби куќен притвор, наместо ефективен притвор, а Вилма рече дека истрага за бегство нема да има. Апсолутно се е јасно. Народот добро знае што се случува и правда е има кога двајцата ќе бидат каде што заслужуваат – во затвор“, рече Мицкоски.