Мицкоски: За да излезе Македонија од траорот потребни се предвремени парламентарни избори!

14

Поминавме четири години како ВМРО-ДПМНЕ на реформи, на трансформација, што беше многу важно, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска после четири години, ВМРО-ДПМНЕ повторно е на победнички патеки. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ја има најголемата пратеничка група во парламентот, најголем број на градоначалници во општините, најголем број на советници.

Но, за жал поради политичката некултура којашто владее во Македонија, еве веќе четири години откако СДСМ е власт, се уште за кратко време ќе бидеме во опозиција и затоа инсистираме на брзи предвремени парламентарни избори затоа што народот треба да биде претставуван согласно тоа за што гласал, а народот гласал на последните локални избори за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Она што е важно и што треба да го кажеме е дека сиромаштијата е се поголема, народот има проблеми со енергетиката, со струјата, економијата, не владее правото, криминалот и корупцијата се сеприсутни, катастрофа е во здравството, во образованието. Буквално на било кој план имаме многу лоша и траорна состојба во нашата Македонија.

Внимателно следете го говорот, ќе има многу одговори на потенцијални прашања.

Им благодарам на новинарите, снимателите, медиумските работници за овие 4 години успешна соработка. Очекувам и следните 4 години да имаме уште поуспешна соработка.

Ако поминавме 4 години за внатрепартиска трансформација и реформи, следат сега реформи и да ја вратиме Македонија онаму каде што и е местото, а тоа е на победничките патеки.