Мицкоски најави интерпелација на Влада: „Со интервјуто, Заев целосно ги урна преговорачките позиции“

43

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека опозициските пратеници до Собранието ќе поднесат предлог за расправа за доверба на Владата. Заев направи целосно урнисување на позициите во преговорите и од тоа сега нема назад. Тој ова го рече во вчерашното гостување на магазинот Клик плус на ТВ21.

„Ценам дека сите овие порази кои се случуваат на македонската политичка сцена, а кои се резултат на незнаењето, или неработата, или ограничените капацитети на одговорните, мислам треба да кулминраат со една постапка во Собрание каде ВМРО-ДПМНЕ заедно, претпоставувам подржана и од другите опозициски партии ќе побара, после овие 100 дена, една дебата, расправа за доверба на Владата.“, изјави Мицкоски.

Лидерот на коалициониот партнер во Владата, Али Ахмети не е загрижен за ваквите најави.

„Тоа е постојана задача на опозицијата, да бара доверба на Владата и нека повелат нека го направат тоа.“, рече Ахмети.

Искрено би сакал во декември да ги почнеме преговорите, истакна Мицкоски, но Договорот што ќе се потпише рече дека нема намера да го почитува. Вели дека се согласува со ставот на Стејт департментот дека спорот треба да се води надвор од преговорите, а Заев најавува распродажба на македонскиот идентитет.

„Пред две недели истиот тој Зоран Заев најавуваше дека нема преговори за македонскиот јазик нема преговори за македонскиот идентитет и тоа биле црвените линии. Еве тоа се и нашите црвени линии. Зошто тогаш не отидеме заеднички во парламент и да изгласаме една Декларација или Резолуција не е битно и врз основа на таа Декларација или Резолуција понатаму да го браниме македонскиот идентитет, да ја браниме македонската посебност.“, рече Мицкоски.

Но, за Ахмети тоа што го прави Заев, е жртва за иднината на земјава и огромна волја да се почнат преговорите со Европската унија.

„Во оваа ситуација јас оценувам дека господин Зоран Заев има добра волја за решавање на еден важен проблем кој директно се однесува на иднината на нашата земја, за почеток на преговорите со ЕУ, и сметам дека ова е ризик, лична жртва на господин Заев, да ја ризикува својата политичка кариера,да ги каже толку директно нештата.“, рече Ахмети.

Претседателот на државата Стево Пендаровски пак во врска со барањето на опозицијата за заеднички став околу прашањето со Бугарија рече дека нема потреба од посебна седница на парламентот, бидејќи како што рече, ниту еден политички субјект во земјава не го спори идентитетот на македонскиот народ и јазик.