Мицкоски: Од Месечината се гледаат Кинескиот ѕид и нови избори во земјава

29

Од Месечината може да се види Кинескиот ѕид и нови предвремени парламентарни избори, рече во одговор на новинарско прашање лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Запрашан за коментар по ставот на премиерот Заев дека сега не е време за избори туку државата требало да се посвети на економијата, Мицкоски рече:

„Не знам дали воопшто може да се верува на господинот Заев, затоа што четврта година по ред слушаме многу лаги и криминал. Единствено што е јасно и што се гледа од Месечината е Кинескиот ѕид и нови предвремени парламентарни избори. Нова влада и одговорност за оваа влада којашто го покраде народот“, рече Мицкоски.