Мицкоски: Поради загадувањето и пандемијата, хронично болните да се ослободат од работа

11

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, апелира до здравствените власти да ги ослободат хронично болните од работа поради високата загаденост на воздухот и состојбата со коронавирусот.

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од ковид, апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката комисија за заразни болести, хронично болните да се ослободат од работа. Посебно тие со белодробни заболувања. Бројот на починати на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, а околу 80% по тврдењата на самите институции од починатите имале хронична болест. Починатите не се само бројка, тоа се луѓе, судбини, семејства завиени во црно. Да спасиме живот, ја имаме таа можност“, вели Мицкоски.

На почетокот на септември Владата одлучи хронично болните, кои претходно беа ослободени од работа, да се вратат на работните места. Исклучок од ваквата одлука се лицата кај кои болеста е во фаза на влошување и за оние со малигна болест, а за да ја користат оваа мерка им е потребна потврда со наод и мислење од лекар специјалист.