Мицкоски по гласањето во Влае: Бројните нерегуларности ќе остават дамка на изборниот процес

11

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе сноси кривична одговорност секој кој ќе реши „да му слугува на Заев во нерегуларностите“
Се што се случуваше изминатите денови, бројните нерегуларности, ќе остават сериозна трага, еден вид дамка на целиот изборен процес, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако денеска го оствари своето гласачко право на избирачкото место во скопската населба Влае.

Сепак, Мицкоски оцени и дека „денеска е денот кога народот гласно ќе зборува и кога ‘Обновата’ победува“.

„Народот масовно излегува на избирачките места и од она што можеме да го забележиме, она што се коментира меѓу граѓаните, е дека народот е подготвен за голема промена што ќе се случи токму денеска, на 15 јули. Бројните нерегуларности во изминатите денови ќе остават сериозна трага, ама тоа е последниот крик на ова раководство на СДСМ, предводено од Зоран Заев.Очекувам до крајот на денот очајните обиди да се изигра волјата на граѓаните да бидат оневозможени“,

истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е и кандидат за премиер, ноучествува директно во изборната трка како кандидат за пратеник.
Мицкоски апелира до секој кој има каква било дилема да му слугува, како што рече, на Заев и на актуелното раководство на СДСМ во нерегуларностите, ќе сноси кривична одговорност.

„За тоа од утре посебно ќе се внимава како изгледал денот, но и какви беа изминатите денови. Мојата порака е – вразумете се, граѓаните слободно, по своја волја, да го изразат своето мислење, да го дадат својот глас зашто нема веќе време за импровизации. Важно е дека доаѓа промената, граѓаните масовно одлучуваат да гласаат за промена“,

рече Мицкоски.