Мицкоски: Сеопфатна истрага за „Кеш“ и проверка на потекло на имотот за судии и политичари

7

ВМРО-ДПМНЕ, ќе побара сеопфатна истрага за аферата Кеш и ќе предложи закон за испитување и утврдување на потеклото на имотот на политичарите и судиите. Ова денеска на прес-конференција го најави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Притоа, тој предложи истражните органи најпрвин да го испитаат него и неговото семејство, но истото да го сторат и со семејството на премиерот Заев.

„Еве јас ќе ги повикам институциите прв да ме проверат мене и моето семејство, но на иста таква проверка да подложи и Заев, министрите, директорите, судиите, обвинителите. Се што има индиции за нечесно стекнат имот да биде вратено кај народот“, рече Мицкоски.