Мицкоски со пратениците ќе одат кај Пендаровски за да објасни врз основа на што го доделил мандатот на Заев

27

Денеска претседателот на државата Стево Пендаровски му го даде мандатот на пратеникот Зоран Заев без доказ дека има мнозинство. Затоа, денеска со пратениците ќе одиме пред канцелариите на претседателот, пред вилата Водно, и ќе бараме Пендаровски да прими барем двајца од нас и да ни објасни врз основа на што тој го доделил мандатот за состав на нова влада без обезбедено мнозинство, изјави Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска бевме сведоци на очигледно кршење на Уставот, а од денес активен учесник во тоа е и Пендаровски. Тој без никаков доказ денеска му го даде мандатот на Заев без да има доказ за тоа. Пратеникот Заев и самиот кажа дека нема мнозинство. Претседателот на државата беше активен учесник во прогласувањето на вонредните состојби според потребите на Зоран Заев и СДСМ за да се организираат изборите.

Пендаровски ни збор на кажа за поскапувањето на струјата, за пропаста на една банка, за катастрофалното справување со кризата со ковид-19, за блокадата на македонските граѓани, за економското цунами, за изборниот грабеж, за злоупотребите на вонредната состојба, за неизвесноста од почетокот на учебната година… а денес го видовме како го дава мандатот на пратеник кој нема мнозинство. Со ова Пендаровски стана соучесник во сите криминали на Заев, тој е пион и извршител на неговиот партиски шеф Зоран Заев“, изјави Мицкоски.

Со ова, рече Мицкоски, Заев добу уште 20 дена во обидите да обезбеди мнозинство со купување на пратеници и други непринципиелни потези.