Мицкоски: Тоа што се бара од Бугарија кон Македонија е непристојно

3

Тоа што го бара Бугарија од Македонија и македонскиот народ е непристојно и нема врска со европските вредности, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, додавајќи дека мора да постои реципроцитет, но и не може во 21 век некој да ни го оспорува правото на јазик, идентитет, историја и култура,

– Правилото на реципроцитет е нормално да се бара, затоа што тоа кое во моментот се бара од Македонија и Македонците е навистина непристојно од страна на нашиот источен сосед и тоа нема никаква врска со вредностите кои ги имаат промовирано своевремено Аденауер, Шуман и де Гаспери и тоа нема врска со европските вредности некому да му го оспорувате правото на јазик, идентитет, историја, култура, посебност, рече Мицкоски.

Тој истакна дека Бугарија треба да ги почитува одлуките на Судот за човекови права во Стразбур и декларациите кои ги има донесено Европскиот парламент за почитување на правата на оние луѓе кои се идентификуваат како Македонци во Бугарија и кои се засебни од Бугарите со своја традиција култура, обичаи и дека оспорувањето не е европска вредност на 21 век.

– За мене не претставува вредност на 21 век некој да ми го оспорува правото да се идентификувам како Македонец, да ги славам македонските херои, македонската организација формирана во Солун 1893 и некој тоа да ми го оспорува и да вели дека не било македонско, туку дека било бугарско и дека јас сум дело на Коминтерната и дека од постоиме од 1945 и дека тие дошле тука да не ослободат и да не администрираат