Мицкоски: Фарсата во Собрание може да ви помине, но промена на Уставот НЕ!

0

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, се огласи на Фејсбук по повод утрешната седница во Собранието каде што францускиот предлог ќе се најде пред пратениците.

Тој напиша дека тоа може да помине во Собрание, но дека ќе нема промена на Уставот, и уште еднаш повика на протести вечерва во 19 часот.

„Информацијата и фарсата во Собрание може да ви помине, но промена на Уставот НЕ!Вечер во 19 часот пред Влада, преку МНР до Собрание!Ултиматум, НЕ благодарам!“, напиша Мицкоски.