Мијалков добил тридневно отсуство за да ја прослави Нова година

5

 

Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков добил тридневно отсуство од затворот од отворен тип во Струга за време на новогодишниот празник.

Со потпис од директорот на затворот, Ваљон Ќуља, Мијалков добил продолжен викенд за да прослави, објави А1он.

Мијалков излегол во четвртокот, на 29 декември и се вратил во Струга на 1 јануари, односно во неделата, според информациите од Управата за извршување санкции.

Тој утрово беше спроведен од затворот од Струга во Кривичниот суд на судење за случајот „Титаник 2“. Тој во струшкиот затвор ја издржува тригодишната казна од случајот „Империја“.

Кривичното дело за кое се гони Мијалков во овој случај, „Примање награда за противзаконито влијание“ му застарува за пет месеци, или во април 2023 година. Тој се гони за учество во изборни нерегуларност на локалните избори во 2013 година.