Мијалков се појави пред ЈО, тврди дека не избегал, туку бил во изолација

123

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривилниот суд.

Мијалков кажа дека дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во излозација поради здравствени причини.

Тој им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите што биле предизвикани.