МЛАДА ДЕВОЈКА СЕ УДАВИ ВО ВАРДАР: Во трагедијата се трага и по човекот што сакал да ја спаси

58

Рано утринава, околу 3.00 часот е извлечено безживотното тело на 19-годишна девојка, која синоќа се удавила во реката Вардар во Гостивар. Спасувачките екипи денеска се уште трагаат и по човекот, кој според неофицијални информации, обидувајќи се да ја спаси скокнал по неа во водите на реката и исчезнал.

Локалните медиуми јавуваат дека полициски и пожарникарски тимови, како и граѓани на Гостивар цела ноќ трагаат по двете лица кои синоќа исчезнале во водите на Вардар, наведувајќи дека околу плноќ девојката била забележана во водите на Вардар кај гостиварската кланица. Сведоци на настанот, како што објавуваат локалните медиуми, велат дека трагедијата била веднаш пријавена откако по неа скокнал граѓанин на Гостивар со намера да ја спаси. За жал и тој бил повлечен во реката.