Младите во клучниот натпревар за опстанок на надежите за ЕП: Да се победи Израел!

25

Младата репрезентација на Македонија денеска од 14:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје во клучниот натпревар од битката за второто место во Групата 6 во квалификациите за пласман на ЕП.

По убедливата победа во Казахстан, избраниците на Благоја Милевски сега и тоа како посакуваат нов триумф со што ќе останат надежите за пласман на собирот на најдобрите на Стариот континент.

„Подготвени сме. Сите ќе дадеме 100%, и повеќе од тоа. Се надеваме на три бода. Ќе дадеме се од себе. Ќе се придржуваме на инструкциите од селеторот, тоа е најважно за нас. На нас е да ги одиграме добро сите натпревари до крај. Да освоиме што е можно повеќе бодови, а на Господ е дали ќе се пласираме на ЕП“ – вели еден од хероите во победата против Касахстан, Дарко Чурлинов.

Речиси еднакво е размислувањето и на Јани Атанасов…
„Ни преостануваат уште три натпревари до крај и сакаме да оствариме што е можно подобри резултати. Наша цел е да победиме на сите, работиме да ги добиеме сите. По триумфот над Казахстан, сега сме фокусирани на Израел, момците се подготвени и треба само да ги одработиме поставените задачи од селекторот Милевски. Сакаме триумф тука, потоа одиме на гости во Израел и ја пречекуваме Црна Гора. Гарантирам дека ќе дадеме се од себе за да успееме“ – вели играчот од средниот ред.

Во моментов нашата селекција е на втората позиција на табелата со 13 бода, два повеќе од Израелците. Шпанија е неприкосновена на првото место со 19 бода.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП – ГРУПА 6

МАКЕДОНИЈА – Израел (14:30 ч.)

Фарски острови – Црна Гора (18 ч.)

Шпанија – Казахстан (18:45 ч.)