Млад српски фудбалер почина при удар во карпа во Охридското Езеро

6

Младиот српски фудбалер, Никола Стевановиќ Коле (26) од селото Доње Крајинце кај Лесковац, почина по кобен скок од карпа во Охридското Езеро. Во Скопје се бореше 12 дена за живот, по што им подлегна на повредите.

Тој бил на одмор со своите пријатели во Охрид и во еден момент скокнал од карпа во езерото, при што удрил во подводна карпа и го скршил вратот и шестиот пршлен, пренесува Југмедија.