ММФ потврди – ефектите од ковид-кризата врз македонската економија се ублажени преку доброто управување

6

Доброто управување и преземените активности од страна на Владата и Нардоната банка ја задржаа макроекономската и финансиска стабилност и го ублажија ефектот на ковид-кризата врз економијата и општеството потврдува Меѓународниот монетарен фонд во својата завршна изјава од 10-дневната редовна мисија во земјава. Се посочува и дека здравјето на граѓаните и зачувувањето на економијата се врвен приоритет на Владата, како и дека догодина ќе се интензивира економската активност, по нејзиното намалување во 2020 година како последица од ковид–кризата.

Во изминатите 10 дена мисијата имаше виртуелни средби со министерот за финансии Фатмир Бесими и тимот на Министерството за финансии, на кои во рамки на редовната годишна мисија беа детално разгледани макроекономските состојби и проекции.