МНОГУ МУДРЕЦИ И ЕВТИНА ПРИКАЗНА

194

Што и е потребно на Македонија за да се врати на вистински пат и за да заснова една сосема друга општествена слика? Како прво, политиката на празен и безпредметен популизам мора да се напушти. Под итно, да не речам ‘‘ уште вчера‘‘ мора да се  појави еден граѓански определен политички субјект, чија определба е единствено конституционална патриотска политика. Не етноцентристичка, не празно популистичка туку посветена на ‘‘ремонт‘‘ па потоа стабилизирање на функционалноста на институциите на системот

 

Од Агим ЈОНУЗ

Многу пати сум пишувал дека Македонија долг период се бави со формата ама не и со суштината. Македонија не е несреќна со тоа што не добива датум за преговори кои во суштина нема да сменат ништо во квалитетот на животот, туку е несреќна самата со себе си и хроничната сопствена мизерија на секојдневието на обичниот граѓанин. Се соочуваме со медиумски дефокус од она што релано не мачи. Реално, а одсликано со народен јазик, Македонија е една убава дама како што еднаш реков, ама со скинати гаќи! Што би рекол народ има ‘‘ компири‘‘ на чорапите, ама не се гледаат внатре во кондурата која е изгланцана до перфекција, за да остави убав впечаток. Затоа и не ги вадиме кондурите, за да не ни се видат компирите на чорапите. Тоа е разликата помеѓу формата и суштината. Навидум и на око сме ‘‘ пиц-миц‘‘, ама испод пантолоните да простите а во мој стил на пишување, ‘‘ни дишат ташаците‘‘ во скинати гаќи. Ок! Да бидеме сериозни. Зошто насловот на колумната е милион мудреци и ефтина приказна. Која е реалната приказна? Од реалната приказна за Македонија, режисерот на ‘‘ Кум‘‘ Френсис Форд Копола би можел да направи не трилогија, туку квадрилогија! Материјал има колку сака.

Приказната за датумот, преговорите, ветото и самите Бугари за кои нема потреба да дискутираме кој се и што се, е присутна во секое ќоше, во етерот, водомовите, на улица, во кафеана, па дури и кога двојца ке седнат на клупа во парк, наместо да се гушкаат, зборат за бугарите. Јас сум свесен дека станав досаден со тезата дека во овој момент Европа е секундарно прашање, дека со бугарите едноставно – нема што да преговараме, дека внатре во државата се случува социјална трагедија. Но, ајде да бидеме реални. Дури и во нај оптимистична комбинација и разврска во врска со датумот, ние ке останеме гладни, јадни и понатаму со една политичка слика која не знаеш дали е трагедија или комедија. И во двете комбинации резултатот е поразителен. Дури уште еднаш да го смениме името на државата тоа нема да го смени податокот дека сме во социо-политичка трагедија. Стварноста е болна. Системот е нефункционален, а на политичката сцена немаме спасители. Имаме само мудреци. Од комплетната популација, гарантирам дека имаме само милион мудреци и ефтина приказна. Зошто мудреци а каква е ефтината приказна? Еве каква!Ке почнеме со евтината приказна.

Кога Македонија стана самостална независна држава, еуфоријата беше ‘‘урааа‘‘! И, наместо да се гради држава, се остана на ураа, на зурли и тапани, и самовозбудување пред огледало. Приоритетите да се гради здрав темел останаа на тоа дека ние сме горди  на тоа дека сме меѓународно признаена, демократска, ваква, таква држава, аматоа од првиот ден на осамостојување до денес остана само ‘‘ураа‘‘! Од иљадници веќе прошетани по парламент политичари видовме се освен грижа за изградба на здрави, квалитетни институции на власт кои се во суштина реалниот темел на државата, а не еуфоријата и празниот популизам. Дали ќе згрешам ако речам дека Македонија се бави триесет години со ‘‘маркетинг‘‘. На ниво на политика, интеретникум, надворешна политика, историолошки бљувотини и класично политичко себезадоволување. Се останато беше по битно освен градење на општествен апарат кој се грижи реално за граѓанинот. Во многу аспекти веќе триесетина години живееме во ‘‘Потемкиново Село‘‘, или во некое холивудско студио во кое се изгледа преполно пред очите, но зад параваните празнотијата е страшна. Зошто велам ‘‘ евтина приказна‘‘. Па токму поради тоа! Политиката се грижеше за се освен за здравата држава. Парите ои се ограбени, инвестициите кои се промашени, приватизациите кои се ‘‘Ал Капоне‘‘ филм, комерцијализацијата на интер етничката разлика на разни нивоа, направија идеална подлога за спрега во која се држи народот нешто као информиран дека се работи, а во суштина државата беше оставена сама да се гради како што знае и умее ‘‘во одење‘‘! Се измешаа приоритетите! Се измеша поимот за сопствен дом во кој сите се сити, најадени, напиени и згрижени. Нејсе. Не е тоа битно колку што е битно тоа што вољата и ‘‘моралот‘‘ на народот е во обратна пропорција. Наместо со текот на годините да расте, тој е во вртоглав пад. Дали денес, дали после многу години Македонија секако ке биде во Европа, ама во меѓувреме одвнатре Македонија е се повеќе на работ на апсолутен колапс. И социјален, и политички и секаков. И додека цело време се виновни албанците, грците, бугарите, утре ке биде Св. Асан, слабоста се пере со најинфалтивното оправдување дека ‘‘секогаш некој друг е виновен‘‘, само самите ние не сме! Затоа велам евтина приказна. Евтини луѓе, евтина политика, евтина стварност, а не дај боже и евтина иднина. Кој ли ке биде после бугарите виновен? Тоа останува како ‘‘наградно прашање‘‘.

Евтина приказна прават евтини политичари.Тие се бираат! Македонија не бираше, туку едноставно отвори порти за секој втор бели мајмун да се бави со политика. Секој еден што мајка му го избркала од дома да не смета по куќа, влезе во парламент. Апсолутна диселекција на тоа кој смее воопшто да се бави со политика и да биде јавна личност. Една статистика вели дека со овој принцип на избори, математиката вели дека пола Македонија ке прошета по парламент. Како! Едноставно. Парламентот има сто дваесет пратеници, кои се менуваат од избори на избори, а тие со себе носат и инсталираат свои служби, кои имаат свои луѓе, кои имаат свои ортаци. И кога ке видиш, со ова динамика на менување на состави на парламентот, а ако се земе во предвид Македонија која има мала бројка на граѓани како држава, ќе дојде време во кое секој втор во државава барем еднаш бил пратеник. Бил политичар. Бил ‘‘ некој и нешто‘‘! И така дојдовме до една ситуација во која реалната стварност и квалитетот на живеење ни станаа ‘‘ никој и ништо‘‘. Токму од тие ‘‘некој и нешто‘‘! Покрај сувото изгоре и мокрото. И после триесет години огромна плејада на умни луѓе, на перспективни, авангардни личности кои се носители на цивилизацискиот момент во државата, останаа на страна. Трагично, додека во јавниот свет, политиката и по институциите гледаме луѓе кои не само што не знаат ниту еден срански јазик, не си го знаат доволно добро ниту мајчиниот. А за политичко образование и да не збориме. Се кладам дека огромен број на политичари да ги ставиш на тест, нема да знаат да дефинираат исправно што е лева опција, што е десна а што е центар. Трагикомедија.

Туку, да не бидам и јас како оние што не ги поднесувам, а тоа се јавни личности кои освен мудологија, критики и празни анализи не даваат ниту едно решение ниту предлог. Што и е потребно на Македонија за да се врати на вистински пат и за да заснова една сосема друга општествена слика? Како прво, политиката на празен и безпредметен популизам мора да се напушти. Под итно, да не речам ‘‘ уште вчера‘‘ мора да се  појави еден граѓански определен политички субјект, чија определба е единствено конституционална патриотска политика. Не етноцентристичка, не празно популистичка туку посветена на ‘‘ремонт‘‘ па потоа стабилизирање на функционалноста на институциите на системот. Политичка опција која ке има само една ‘‘светост‘‘ а тоа ќе биде – патрија, а не партија. Воздигнувањето на приоритетите за потребите на државата има повеќекратен бенефит. Тоа е враќање на довербата на народот во институциите на кои треба да се потпре за нормален и достоинствен живот во секојдневието. Трагичен е податокот кој вели дека актуелните политички субјекти се страшно закопани во соите ровови и спремни се на се да го спречат тоа. Но, тоа е техничкиот дел. Каде е суштинскиот. Дали имаме доволно критична маса која ке следи една таква политичка опција. Тврдам дека има! Показател за тоа е податокот кој вели дека во секојдневието сите се враќаат на сеќавањата на старата Југославија која беше можеби ‘‘едноумна‘‘, ама не беше етноцентричка. Државата и социјалата и беа ‘‘Оче наш‘‘. Се повеќе и повеќе се велича југоносталгичарството. Ок! А кој да ги подигне тој нов субјект. Мамата му ја расплакаа на секој оној што се обиде. На разни начини. Нејсе! Тој политички нов а граѓанско определен субјект треба да постави сосема поинакви критериуми за скоро сите прашања од функционален карактер за општеството. Кој што смее да работи, дали смее, кој е писмен а кој неписмен да се елиминираат ‘‘паразитите‘‘ во администрацијата, судството, полицијата, здравството. Вториот чекор кој сметам дека под итно и е потребен на државата е еден период на ‘‘експертска влада‘‘. Споделени одговорности на ниво на поширок состав на експерти во своите области, кои ке имаат за задача да го стабилизираат системот. Сеедно дали таа влада ќе има сепак претставници од актуелните политички партии, ама споделеноста на одговорноста по автоматизам ќе мора да донесе резултати во кои нема да има оправдувања дека некој сосема трет е виновен за тоа што социјалата е доведена на просјачки стап. Албанија имаше дупка од педесет години изолација. Не само што ги прескокна, туку и отиде пред нас. Ветингот во судството создаде чудо во Албанија. Ние сме глупави или се правиме глупави. Ниту едното ниту другото. Ние сме бедни! Мизерни! Ние не си ја сакаме државата! Не можам да имам поинаков заклучок од овој. Дај боже некој да ме разубеди. Како што реков, не можееме да продолжиме вака, како скинати чорапи во убави кондури, кои не претставуваат пред јабанџиите како господа, а кои не знаат дека ако ги соблечеме кондурите ем чорапите ни смрдат, ем на прстите има ‘‘ компири‘‘.  Тоа е македонската стварност.

ООО ЏЕМААТ! Ме критикуваат дека многу псујам во колумните и дека сум непристоен. Имаш задача да ми кажеш до следната колумна како на културен начин да кажам ‘‘ море нека иде све у пичку лепу материну‘‘! СИКТЕР ДОМА! И види прашај дали на вујна ти чорапите има ‘‘компири‘‘. За гаките не прашувај, срамота е!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)