МНР: Вековна традиција не смее да биде загрозена со активности со кои се омаловажуваат или навредуваат народи

14

Министерството за надворешни работи го осуди палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани оценувајќи го како штетен по угледот на државата.

– Вековна традиција не смее да биде загрозена преку активности со кои се омаловажуваат или навредуваат народи, држави, особено нашите соседи. Го осудуваме палењето на знамето на Република Бугарија на Карневалот во Вевчани, чин кој не само што го нарушува реномето на Карневалот туку и нанесува штета на угледот на Република Македонија, се наведува на фејсбук-профилот на Министерството за надворешни работи.

За потсетување, утринава пристигна остра вербална нота од страна на бугарскиот амбасадарот во земјава, но своја реакција на социјалните мрежи имаше и министеркатс за надворешни работи на соседна Бугарија, Екатерина Захариева.