МНР во контакт со надлежните органи на Бугарија во врска со пронајденото тело на македонски државјанин во Софија

3

Министерството за надворешни работи информира дека веднаш по добиената информација за пронаоѓање на телото нашиот државјанин С.С. во Софија, преку Амбасадата на земјава во

Бугарија, стапило во контакт со бугарските надлежни органи, од кои се добиени првични информации за случајот.

Преку Министерството за внатрешни работи веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава и тие се информирани за случајот.

Во соопштението на МБР се посочува дека Министерството и Амбасадата во Софија стојат на располагање за комуникација и асистенција, како и во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Бугарија кои ја водат истрагата.

Телото на 26-годишен македонски државјанин е пронајдено во саботата околу 21 часот во близина на трговскиот центар „Парадајз“ во Софија.

Телото е испратено во Одделот за судска медицина и за случајот е поведена предистражна постапка. Според првичните сознанија, на телото нема траги на насилство и најверојатно станува збор за предозирање.