МНР ги осуди несоодветните изборни спотови во Бугарија

6

МНР денес ги осуди несоодветните изборни спотови во Бугарија со кои се изразуваат територијални претензии кон нашата држава и тоа во време кога од страна на официјална Софија се бараат гаранции на меѓународно ниво дека – Македонија нема територијални претензии кон Бугарија.

-Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме. Очекуваме официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на една од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија, стои во реакцијата на МНР.

Погледнете го предизборниот спот на кој реагира МНР тука.