МНР ги повикува македонските граѓани да се воздржат од патувања во Русија

1

По одлуката на ЕУ и други европски земји, вклучувајќи ја и Македонија, за затварање на eвропскиот воздушен простор за руските авиопревозници, Министерството за надворешни работи апелира македонските граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат сѐ уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја, поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија.

Исто така, МНР ги повикува сите државјани на Македонија кои во претстојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања кон истата.

Министерството за надворешни работи, како што стои во соопштението, ги следи одблиску состојбите и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници со кои на дневна основа разменуваат информации и анализи за актуелните состојби.

За поддршка на македонските државјани кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, стојат на располагање следните телефонски броеви на Амбасадата:

+ 74 99 124 33 57 (фиксен)

+ 79 58 643 34 63 (мобилен)

е-mail: [email protected]

[email protected]

Дополнително, македонските државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]

МНР, исто така ги известува граѓаните кои се наоѓаат во или надвор од нашата држава, да ги следат и да се информираат само од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Москва.

МНР ќе продолжи да ги следи состојбите во Русија и навремено ќе информира за евентуални дополнителни насоки за постапување на нашите државјани.