„Модриќ мора да добие нов договор, тој е пример за сите“

44

Реал синоќа го совлада Еибар со 3:1, а блескаше и хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.

Модриќ го постигна вториот гол и ги воодушеви сите со својата игра.

Неговиот договор со Кралевите истекува на крајот на сезоната, па затоа големото прашање е дали соработката ќе биде продолжена. Шпанските медиуми се јасни.

“Маестрален настап на Хтрватот. Станува сè подобар и подобар”, пишува Марка.

“Играше маестрално, а потоа остана без гориво. Модриќ мора да добие нов договор, тој е пример за сите”, наведува АС.

Пофални зборови беа испратени и до Карим Бензема, кој исто така обезбеди многу квалитетна игра.