„Можеме“ денеска во Центар и Кичево, „За обнова на Македонија“ во Чешиново-Облешево, Зрновци, Виница и Кочани

14

Кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери, денеска во Гостивар заедно со кандидатите за пратеници ќе ја презентира иницијатива за еднаква економија во приватниот сектор,

Партиите и коалициите кои ќе учествуваат на предвремните парламентрани избори, денеска продолжуваат со промоција на своите политички понуди.Тие ги бараат гласовите на граѓаните преку средби, преку социјалните мережи и преку традиционалните медиуми.

Караванот на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе биде во скопски Центар и во Кичево, додека Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“ изборните активности ќе ги претстави пред граѓани во Чешиново-Облешево, Зрновци, Виница и Кочани.

Кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери, денеска во Гостивар заедно со кандидатите за пратеници ќе ја презентира иницијатива за еднаква економија во приватниот сектор, а предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт ќе биде присутен во Прилеп, Гевгелија и Струмица.