Може и вечерва да има договор за законот за Jавното обвинителство

20

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во 24 Отворено изјави дека е можно да се најде решение за законот за Јавното обвинителство со СДСМ и дека интензивно работат на тоа, иако немаат официјални средби, комуницираат на ниво на документи кои се разменуваат помеѓу двете партии.

– Тоа што се случува сакаме јавноста транспарентно да го знае. Преговараме. Ние до договор може да дојдеме и додека трае емисијава – вели Мицкоски.

Тој изјави дека во првично доставениот предлог не се нелегално стекнатите матерјали докази и праша зошто никој не го истражил тоа и се сомнева дека имало политички договор помеѓу други политички елити, а не со ВМРО-ДПМНЕ.

– Кога зборуваме за принципи, ние и тогаш и сега велевме дека нелегално стекнатите матерјали не може да бидат користени како докази. Како потврда на ова, имавте сведочење на Верушевски кои вели дека тој, како одговорен за безбедноста во СДСМ, добивал определени матерјали и истите ги доставувал до тогашниот претседател Црвенковски и до Заев. Се сеќавате на изјавата на Заев каде кажа дека овие матерјали ги нашол фрлени во двор кај него во куќа? – изјави Мицкоски.