Може ли Бензема да ја прекине „црната серија“ на „Ел Класико“?

6

Карим Бензема и Лионел Меси влегуваат во вечерашното „Ел Класико“ израмнети на врвот на листата на стрелци во „Ла Лига“, но францускиот ас ќе се обиде на „Камп ноу“ да стави крај на својот пост на дуелите против каталонскиот гигант.

Бензема повеќе од две години нема постигнато погодок против големиот ривал, период во кој Барса и Реал одиграле шест средби, а тој ја нема затресено мрежата на Барса. Последниот гол Французинот го постигна на „Бернабеу“ во Супер-купот на Шпанија во август 2017 година, во победата на Реал од 2-0.

Почетокот на постот беше на дуелот на 23 декември 2017 година, што Реал го загуби со 0-3. Оттогаш Реал одигра два меча во „Ла Лига“ и три во „Копа дел реј“, на кои неговиот тим забележа две реми и три порази, а Бензема не успеа да го најде патот до противничката мрежа.

Севкупно гледано, францускиот напаѓач како член на Лион и на Реал Мадрид има одиграно 35 средби против Барса, притоа постигнувајќи девет гола.