Можни нови рестриктивни мерки против ковид-19

44

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ќе одлучува дали ќе има нови рестриктивни мерки покрај предложените и тие што се во сила, рече синоќа министерот за здравство Венко Филипче, наведувајќи дека Комисијата ќе анализира и на што се должи скокот на новозаразени во последните денови и кој е начинот на трансмисија на вирусот. Можните нови мерки би вклучувале рестрикции во јавниот превоз, ограничување во работата на угостителски објекти, економски субјекти и компании и секаде каде што постои ризик.

Дел може да бидат во некои општини, и некои да важат и за цела држава. Ќе се дискутира и дали да се ограничи движењето навечер. Министерството за здравство вчера соопшти нов негативен рекорд со 535 нови случаи со ковид-19 во изминатите 24 часа.