МОК ќе му додели 10.000 евра на Дејан Георгиевски

2

Македонскиот олимписки комитет ќе му даде награда на Дејан Георгиевски за успехот и освојувањето на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио.

„Олимпискиот комитет на Северна Македонија кој и досега севкупно ги финансираше сите подготвителни активности на Таеквондо репрезентативците на најпрофесионален начин, има задоволство дополнително да даде и финансиска награда за најзаслужниот за овој извонреден успех кој е круна на повеќегодишната систематска работа на стручниот штаб сесрдно подржан од Олимпискиот комитет. Финансиската еднократна награда ќе изнесува 10.000 евра за Дејан Георгиевски. Дополнително Олимпискиот комитет ќе обезбеди максимална стипендија за Дејан за следните Олимписки игри во Париз 2024 во износ од 1.000 УСД месечно“, стои во соопштението од МОК.