Молебени и литии ширум Црна Гора: Најавени протести поради спорниот закон за вероисповед

11

Во градовите ширум Црна Гора вечерва се одржуваат молебени и литии во знак на протест против усвоениот Закон за слобода за вероисповед, пишува српски „Блиц“.

Мештаните од повеќе места излегоа на долг пат, на некои места пешачеа и по десетина километри за присуствуваат на молебените и литиите во блиските градови.

Собири на верници има во Подгорица, но и на многу други локации ширум Црна Гора, а како што пишуваат српските медиуми, апсењата кои ги извршила црногорската полиција во изминатите денови имале спротивен ефект.