Моментот на уривањето на украинскиот боинг кај Техеран (ВИДЕО)

7

Последиците од трагичната авионска несреќа, во која загинаа сите во авионот на Интернешнел ерлајнс во Иран, веднаш по несреќата се снимени на видео, на кое се гледаат запалените остатоци од леталото. Во авионот имало Украинци, Иранци, Канаѓани, Германци и Британци.

Местото на падот се гледа на ова масовно споделувано видео, наводно снимено веднаш по инцидентот, вели РТ. Целото место изгледа потполно безживотно, со остатоци од авионот што тлеат.

Упатен кон украинскиот главен град Киев, боингот 737-800 се урнал откако рано утрово полетал од техеранскиот меѓународен аеродром „Имам Хомеини“.

Иранските власти потврдија дека нема преживеани.

Според службата за следење летови Флајт радар 24, авионот што се срушил бил на летот ПС 752. Авионот бил стар три години и бил боинг 737-НГ.