Момировски “цепал” на албански со Села (ВИДЕО)

126

Лидерот на Алијанцата на Албанците (АА), Зијадин Села, во интервју за Тв Алфа, зборуаше за политичките актуалности, по објавување на дадумот за предвремените парламентарни избори, пренесува КОХА. Новинарот, Горан Момировски интервјуто го започна на албански јазик, за да покаже дека зборува и разбира албански, од друга страна Села, од почеток на разговорот сакаше да покаже дека не националиста како што претендира новинарот. “Во македонскиот електорт познат сте како радикал, но вечер нема да зборуваме за радикализам, бидејќи и за мене се зборува дека сум национслист. Сакам да зборуваме за реалната политика. Како новинар јас зборувам на хрватски, англиски, германски, бугарски, немам проблем да зборувам и на албански”, вака говерејќи на албански јазик го почна интервјуто со Села, новинарот Момировски, кој и првото прашање дали АА ќе биде дел од новата Влада му го постави исто така на албански. “Ние како АА мислиме дека ќе ги добиеме предвремените парламентарни избори, и ќе бидеме клучен фактор за формирање на новата влада. Дозволете да ви се заблагодарувам затоа што џборевте на албански , бидејќи што пивеќе јазици зборувата, толку по богат сте”, истакна Села, пренесува КОХА. Зборувајќи за лидерската средба кај Преседателот, Пендаровски, тој оцени дека средбата била конструктивна. (koha.mk)