Момчиња претепуваат девојка во Штип и се снимаат, насилниците идентификувани

На социјалните мрежи денеска се појави видео на кое две момчиња брутално претепуваат девојка и се снимаат. Девојката ги моли да престанат, а тие ја обвинуваат дека излажала дека е бремена.

59

Поради заштита на приватноста и интегритетот на жртвата, Koha нема да го сподели видеото.

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска соопшти дека насилниците се веќе идентификувани и најави настроги санкции.

-Почитувани, на социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи на насилство. Ве известувам дека лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува. Постапува и Центарот за социјални работи. Најстроги санкции за ваквото нечовечко однесување.