Моника сведочеше пред полицијата: Тој ме потстрижуваше, ме мачеше и ме тепаше

6

„Тој ме потстрижуваше, ме мачеше и ме тепаше. Ми рече дека полицијата ќе нè убие и двајцата. Ме тераше да пешачам пет или шест часа и ме потстрижуваше малку по малку. Ми правеше лоши работи. Постојано ми велеше дека полицајците нема да го уапсат само него, туку и мене“, сведочи 12-годишната Моника од околината на Ниш којашто девет дека помина во заложништво на осуден силувач, кој е во бегство.

„Ме мачеше секој ден. Ми кажуваше дека полицајците ќе нè убијат и двајцата ако не фатат. Бев многу исплашена“, им раскажа на полицајците Моника Каримановиќ (12) која беше киднапирана на 20 декември од Нинослав Јовановиќ, познат како „малчански бербер“, пишува Новости.рс.

По девет дена ропство, девојката им кажала наполицајците за деталите за нејзиното киднапирање и открила дека Јовановиќ ја пресретнал на улица на патот кон училиште во Брзи Брод. Тој ја носел заедно со него во претходно подготвени селски куќи и напуштени викендици во селата меѓу Ниш и Књажевац.

„Додека одев на училиште, тој го запре автомобилот до мене и ми рече дека се изгубил, затоа што патот бил затворен за изградба извесно време. Тој ми рече дека добил работа во училиште како домар. Ме замоли да влезам во автомобилот, да му покажам како да стигне до училиштето затоа што и тој оди натаму. Меѓутоа, штом влегов во автомобилот, тој ме возеше до гробиштата, а потоа ме однесе во шумата“, рекла Моника пред полицијата.

Монструмот потоа и ја поскратил малку косата, по што започнала страшната физичка и психичка тортура.

Јовановиќ десет дека ја плашел со полицијата, поради што Моника кога ги видела полициските службеници кои дошле да ја спасат, била многу исплашена. Таа во паника им викала „Не ме тепајте, ве молам … Јавете се кај мајка ми …“.

Јовановиќ бил забележан во неделата во селото Пасјача во Зворник, каде се криел во напуштена куќа. Сопственикот на куќата, Емил Живковиќ вели дека тој ден решил да помине со неговиот син во Пасјак за да види дали е се во ред со викендичката.

„Ја видовме отворена вратата на куќата и слушнавме дека има некој горе, па ја повикавме полицијата. Сепак, монструмот скокна од прозорецот, па го прескокна тремот и почна да бега. Мојот син викна дека има пиштол, иако тоа не беше вистина, обидувајќи се да го исплаши манијакот, но овој викна дека има и тој и побегна. Полицијата пристигна по кратко време и ја најде киднапираната девојка на горниот кат. Таа беше исплашена, смрзната, гладна“, рече Живковиќ.

Стотици полицајци ја продолжуваат потрагата по киднаперот. Откриени се дури 12 локации на потегот од Књажевац до Ниш каде што педофилот криел храна и вода.

Александра Каримановиќ, мајка на Моника, рече дека нејзината ќерка се чувствува добро и спиела преку ноќ.

„Спиев со неа и не сакав да ја мачам со прашања за тоа што се случило. Моника беше премногу уморна, заспа брзо и спиеше цела ноќ. Се чувствува добро. Таа се распрашува за татко и, брати , пријатели од училиште “, -вели Александра.

Според неа, Моника комуницира со лекарите и медицинските сестри сосема нормално.

„Таа е мојата лавица, таа е похрабра од мене три пати. Разговара со лекарите, свесна е за сè, измачена е, но ќе се опорави“, вели таа.