Монца се засили со играч на Арсенал

6

Клубот кој го водат Берлускони и Галијани има сериозни планови за сезоната која започнува овој викенд, а сега во овој клуб пристигна засилување и од Арсенал.

Нов играч на Монца е Пабло Мари кој во 2020 година пристигна во Арсенал, а минатата сезона ја помина на позајмица во Удинезе.

„Дефанзивецот Пабло Мари пристигнува од Арсенал на едногодишна позајмица со обврска за откуп ако се исполнат одредени услови“, објави Монца.

Какви се амбициите на Монца говори тоа што Мари е 12-то засилување во овој преоден рок.