Москва тврди дека соборила четири ракети од американско производство близу до Украина

10

Руската армија денеска соопшти дека соборила четири ракети од американско производство „ХАРМ“ (HARM – High-speed Anti-Radar Missile) над руска територија, на небото над регионот Белгород што се граничи со Украина.

– Четири американски ракети „ХАРМ“ беа соборени во воздушниот простор над Белгородската област, ​​соопшти Министерството за одбрана на дневниот брифинг на „Телеграм“, без да даде повеќе детали.

САД испорачаа неодреден број ракети „AGM-88 HARM“ на Украина. Првите ракети од овој тип беа пуштени во употреба во 1984 година и имаат дострел од над 48 километри. Тие се дизајнирани да напаѓаат системи за противвоздушна одбрана, опремени се со радар и се прилагодени да бидат истрелани од украински воени авиони од времето на Советскиот Сојуз.

Пентагон соопшти дека не може да ја потврди информацијата.